Прескокнете до содржината

Учете со нагледни упатства

Проследете ги водичите чекор по чекор за да ги научите основите на работа со Викимедиините проекти.

Изработете ја вашата прва алатка

Дознајте како да уредувате викистраници користејќи Python и системот на Pywikibot. Ова упатство ќе ви помогне набргу да почнете со работа користејќи го само прелистувачот.

Давајте идеи за статии

Дознајте како да го користите приложникот на МедијаВики за да создавате идеи за нови статии на Википедија. Ова упатство користи Python и рамката Flask.

Направете бот што користи википодатоци

Користете Python за работа со големи податочни збирови од Википодатоците и пренос на податоци од една алатка на друга при работата.

Прикажувајте празници од Википедија

Дознајте како да го користите приложникот на МедијаВики за добивање на празници на даден датум од Википедија. Ова упатство ја опфаќа и употребата на приложникот за најава на Википедија и додавањето на нови празници. Работи на системите Python и Flask.

Додајте JavaScript или CSS во вики

Прилагодете го МедијаВики со JavaScript и CSS од клиентска страна. Споделувајте кориснички скрипти и истражувајте ги алатките што ги создале другите.

Вдомете алаткa на Викимедиините облачни опслужувачи

Toolforge е околина за слободно вдомување на алатки, работа и раководство со нив. Земете учество на Toolforge со тоа што ќе направите сметка и ќе поставите основна семрежна служба.